Популаниот бренд на чипс Lay’s лансираше нова кампања како дел од својата соработка со фудбалската Лига на Шампиони на УЕФА, насловена “No Lay’s, no game” („Нема Lay’s, нема игра“). Кампањата се врти околу „неопходноста“ од поседувањето на чипс од Lay’s како главен предуслов за гледање на фудбалските натпревари.
Во централниот спот која ќе се емитува на телевизија, фудбалската ѕвезда Лионел Меси навидум ненајавено се појавува во домот на некое семејство за заедно со нив да гледа Лига на шампиони. Меѓутоа, кога фудбалерот и снимателската екипа која го придружува дознаваат дека во домот нема Lay’s, се одлучуваат да заминат кај соседите – додека првиот домаќин гледа со голема жалост. Евентуално, сите се поканети на заедничката фудбалска забава – секако проследена со Lay’s.
Покрај едноминутната телевизиска реклама, брендот објави и нешто подолг спот (кој се чини пореалистичен) во кој друга фудбалска легенда – Тиери Анри, оди од куќа на куќа за да ги прашува домаќините дали имаат Lay’s. Кога конечно доаѓа до дом кој го има бараниот чипс, тој им се приклучува за заедно да гледаат фудбал.
Како дел од кампањата, брендот ќе лансира и специјална едиција на чипс во тематско пакување во пресрет на финалето на Лигата на шапмионите, кое што ќе се игра на 10 јуни 2023 во Истанбул.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Slap Global.