Организаторите на меѓународниот огласувачките фестивал Cannes Lions го соопштија лансирањето на својата првата напредна едукативна програма “LIONS Creative MBA” (LIONS cMBA).
Оваа онлајн програма е дизајнирана да ги едуцира креативците и маркетерите и да им помогне да разберат што е потребно за да се испорача креативен маркетинг кој ги исполнува високите стандарди за освојување на престижен кански „лав“ и истовремно ќе направи импакт врз глобалната креативна индустрија.
Програмата ќе стартува со својата инаугуративна група овој мај, а сите успешни дипломци ќе добијат официјална сертификација од глобално признатиот бренд LIONS.
Генералниот извршен директор на LIONS, Сајмон Кук, истакнува: „Програмата LIONS cMBA е развиена за да одговори на растечката глобална потреба да се демонстрира моќта на креативноста како двигател на бизнисот и општественото влијание. Со оваа иницијатива за демократизирање на многу потребниот пристап до едукација од светска класа, LIONS се уникатно поставени за да ѝ обезбедат на нашата глобална публика дефинитивна програма за едукација информирана врз основа на сознанија и наградени креативни дела од својата 70-годишна историја“.
„Ние ги поддржуваме креативците да ги развијат своите таленти, експертиза и самодоверба преку нашите Академии на фестивалот Cannes Lions веќе со децении. Програмата LIONS cMBA ја трансферира магијата на овие академии во онлајн формат, собирајќи ги најголемите легенди во светот на креативната и маркетинг индустријата за да ја споделат својата експертиза со глобалната креативна публика“ – додава Џени Мидлтон, главна уредничка на LIONS.
„Програмата ќе вклучува бесплатен пристап до информативната платформа на LIONS и ќе има сесии во живо со наградувани експерти од индустријата. Секоја група исто така ќе има единствена можност да оценува добитник на „лав“ и финалисти во потесниот круг на креативниот натпревар како дел од симулираното искуство на жирирање на Cannes Lions. Програмата ќе содржи ексклузивни содржини од LIONS, вклучувајќи курирани разговори од сцената на Cannes Lions и наградени проекти кои ги демонстрираат техниките што обликуваат моќни и влијателни идеи“ – објаснува Жаел Комте, виша потпретседателка на LIONS Intelligence.
Наставната програма на LIONS cMBA е дизајнирана и креирана од LIONS, во соработка со претставници на индустријата и Berghs School of Communication – меѓународна школа со седиште во Стокхолм, Шведска, која има 80-годишно искуство во креирањето, пишувањето и предавањето курсеви во областа на брендираните комуникации и креативноста.
Инаугуративната група ќе трае од 20 мај до 26 јули 2024 година. Повеќе информации за програмата LIONS cMBA се достапни на следниот ЛИНК.
Вашиот интерес за учество можете да го регистрирате на lionslearning@canneslions.com.