Тоа е изданието со најголем тираж во светот – 220 милиони копии по број. И сепак ниту еден литературен критичар не му посветил внимание.
Се’ до сега.
Германскиот литературен критичар Хелмут Карасек се зафати со читањето на новиот IKEA каталог во едно видео поставено на YouTube каналот на швајцарската филијала на брендот за мебел.
На почетокот видеото можеби е малку досадно, но штом се внесете во него, навистина претставува уживање. Критичарот упатува на Фројд и Гете, и дури и да е ироничен, го прави тоа толку добро што ќе помислите дека е најискрена рецензија.
И покрај тоа што за ведрите фрази во каталогот вели дека се премногу ‘идилични’ за неговиот вкус и дека глорификацијата на ‘излежавањето’ во кревет предизвикува искушение да се остави оваа книга настрана, Карасек признава дека не бара вина кај никого кој ужива во таков comfort-driven консумеризам.
ЗАСЛУГИ:
Адвертајзинг Агенција: Wirz Werbung, Цирих, Швајцарија
Извршни Креативни Директори: Livio Dainese, Fernando Perez
Кретивни Директори: Caspar Heuss, Michael Schmidt
Арт Директор: Luca Schneider
Copywriter: Wolfgang Bark
Продукциска компанија: Big Fish