Брендот за брза храна KFC отпочна нова кампања во Обединетото Кралство и Ирска, со која ја слави експлозијата на вкусови која доаѓа со првиот залак на нивното поховано пилешки.
Кампањата насловена “Love at First Bite” („Љубов на прв залак“) го комуницира исчекувањето кое различните фанови на брендот го имаат при неповторливиот момент на секое прво каснување на препознатливниот оброк – „првиот залак е секогаш најдобар, без разлика колку кофи ќе изедете“.
„Преку опсежно истражување откривме дека исчекувањето на првиот залак од нашето познато поховано пилешко е вистински врвен момент во искуството на јадењето KFC. Луѓето навистина одвојуваат време да го бараат најкрцкавото, најсочното место од кое ќе го земат својот скапоцен прв залак. Целата оваа кампања зборува директно за онаа вистина за тоа како луѓето ја вкусуваат нашата храна“ – посочува Лео Слоли, маркетинг директор на KFC за пазарот на Обединетото Кралство и Ирска.
Покрај централниот спот кој ќе оди на телевизија, кампањата ќе вклучува out-of-home, принт и дигитални реклами во месеците кои што следуваат.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Mother London.