Јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung ја објави својата нова празнична кампања насловена “Love is in the AIr” („Љубовта е во воздухот“, со акцент на AI – како кратенка за вештачка интелигенција).
Во централниот видеоспот на кампањата, брендот ја повикува публиката да ја открие магијата на спонтаните моменти и старите спомени – бидејќи љубовта е насекаде овој празник – како што велат тие, особено со мала помош од уредите на Samsung.
Едноминутниот спот се состои од три кратки приказни полни со емоции, во кои компанијата не заборава да претстави и некој свој уред – телефон, машина за перење или телевизор – кои го помагаат воспоставувањето на емотивната човечка конекција.
Секако, во духот на современите технологии, уредите на Samsung се збогатени со функции на вештачката интелигенција, што само го зацврстува чувството на магичност.