Некои од најпознатите логоа во светот станаа поженствени благодарение на организацијата Creative Equals, во чест на Меѓународниот ден на жената
Организацијата Creative Equals одлучи да го одбележи Меѓународниот ден на жената, нагласувајќи ја машката пристрасност во многу светски познати логоа, претворајќи ги нивните машки протагонисти во жени. Меѓу логоата што добија “makeover“, беа оние на Mr. Pringles, Schwarzkopf, Monopoly, Oscar, Dreamworks и други.
Оваа непрофитна организација посветена на постигнување на поголема еднаквост во креативната индустрија, покрај слики објави и серија од кратки анимации кои ја прикажуваат трансформацијата на машките логоа во женски, а можете да ги погледнете подолу.
Организацијата Creative Equals се надева дека овие дела ќе го привлечат вниманието на фактот дека зад повеќето од овие логоа стојат всушност машки дизајнери, со оглед на тоа што жените денес сочинуваат само 11,15% од директорите на дизајн. Секое од новото лого содржи и порака: Here’s to more women.
“Иако еднаквоста сега е масовна тема и привлекува голем медиумски интерес, сеуште има многу примери во комуникациите каде што преовладува несвесната пристрасност”, вели Али Ханан, основач на организацијата Creative Equals. “Сакавме да замислиме свет каде што логоата ја рефлектираат женската перспектива и во кој ќе работиме кон напредок. Бидејќи 89,5% од директорите за дизајн се мажи, се прашуваме дали оваа несвесна пристрасност има влијание врз обликувањето на идентитетот на брендот, па затоа за Меѓународниот ден на жената решивме повторно да го прекроиме светот на иконографијата.”