Локалните телевизиски станици стануваат помалку популарни помеѓу граѓаните на САД
Само 50% од возрасните Американци редовно конзумираат вести преку телевизија, открива новото истражување спроведено од американскиот Pew Research Center. Станува збор за намалување од 7% проценти споредено со претходната година, а најголемата загуба на гледачи забележана е кај локалите телевизии.
Во периодот од 2016 до 2017 година, бројот на Американци кои се ослонуваат на локалните телевизиски станици се намалил за 9% (од 46% на 37%). Бројот на гледачи на Интернет телевизија се намалил за 4%, а бројот на гледачите на кабелските телевизии е намален за 3%. И покрај големиот пад на популарноста, локалната телевизија се уште е најгледана во споредба со другите.
Локалните ТВ станици привлекуваат поголем дел од повозрасната публика, а само една четвртина од факултетски образуваните Американци гледаат редовно локална телевизија. Податоците исто така покажуваат дека жените гледаат локални телевизиски станици почесто од мажите и дека луѓето од бела раса гледаат локални телевизии помалку во однос на припадниците на другите раси. Гледаноста е скоро еднаква кај републиканците и демократите. Сепак, демократите гледаат повеќе интернет-телевизија, додека кај републиканците, кабелската телевизија е попопуларна.