Компанијата Lokomotiva, која работи во рамки на I&F Grupa и специјализирана е за развој и имплементација на ентерпрајз платформи и нудењето на професионални услуги од областа на информациските технологии, потпиша договор за стратешко партнерство и на тој начин стана ексклузивен дистрибутер, имплементатор и интегратор на SentecaCommerce, Headless API-first ентерпрајз решенија за е-трговија на 12 европски пазари.
SentecaCommerce е решение базирано врз микроуслуги кое на организациите им нуди врвна флексибилност во пристапот кон е-трговијата со фокус врз искуството на крајниот корисник, користејќи наједноствани и најмоќни API-а. Со SentecaCommerce, компаниите можат да го надоградат својот бренд и да ги привлечат и конвертираат потрошувачите на кој било канал или допирна точка. Lokomotiva ќе биде ексклузивниот дистрибутер, имплементатор и интегратор на следната генерација платформи на компанијата SentecaCommerce во 12 пазари: Србија, Македонија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Бугарија, Норвешка, Шведска, Финска и Данска.
„Оваа технологија претставува клуч за поголема агилност, неограничена скалабилност и ненадмината работна флексибилност за сите клиенти кои или сакаат по прв пат да влезат во водите на електронската трговија, или кои веќе го имаат достигнато лимитот со своите постојни платформи за е-трговија кои негативно влијаат врз продажбата и врз брендот. Преку ува партнерство, Lokomotiva на своите клиенти ќе им ја понуди најсовремената технологија за е-трговија во Cloud-от на компанијата SentecaCommerce, со цел да им овозможи на претпријатијата со еден висок степен на флексибилност да ги искористат новите бизнис модели на е-трговијата и да ја поттикнат конверзијата,“ посочува Томица Орешковиќ, директор на Lokomotiva.