Природонаучниот музеј во Лондон се реши да внесе малку Божиќен дух во својата поставка, така што го облече својот роботизиран модел на Тираносаурус рекс во Божиќен џемпер.
Џемперот е создаден од конци во сина, црвена, бела и зелена боја, а прикажува силуети на зимзелени дрвја и неколку видови диносауруси – Тираносаурус рекс, Трицератопс, Стегосаурус и Диплодокус.
За изработка на џемперот биле потребни 100 работни часа, при што резултатот е парче облека кое тежи 12 пати повеќе од обичен џемпер наменет за луѓе. Џемперот биле целосно создаден од рециклирани материјали.
Подвигот е дело на семејната компанија British Christmas Jumpers, која претходно има изработувано џемпери за британскиот парламент и за музичарот Ед Ширан. Меѓутоа, како што цели директорот Снахал Пател, џемперот за диносаурусот бил нивниот најамбициозен проект досега. Малите раце на диносаурусот сигурно биле посебен предизвик. :)
Покрај џемперот на Т-Рекс, музејот подготвил и џемпери за луѓе кои ќе се продаваат преку музејската продавница, а 100% од средствата ќе одат за одржување на поставката и истражувачки проекти.