Од агенцијата McCann истакнуваат дека предрасудите во однос на постарите лица често се занемарен облик на дискриминација, која многумина потсвесно ја прифаќаат во секојдневниот живот
Како одговор на културата на опседнатост со младоста, каде што жените постари од 50 години се чувствуваат невидливи, Лореал Париз и британскиот магазин Вог се здружија со цел да лансираат специјално издание на магазинот насловено како “The Non-Issue“, заедничка публикација на McCann London и McCann Paris, која има за цел да обезбеди дека возраста повеќе не треба да биде проблем.
Изданието „The Non-Issue“, кое ќе биде дел од мајскиот број на британскиот Vogue, е директен одговор на фактот дека жените постари од 50 години се највпечатливи со своето отсуство од индустријата на убавината и модата, како и во пошироката медиумска средина.
Изданието „The Non-Issue“ ја носи култната актерка и амбасадор на Лореал Париз Џејн Фонда на насловната страница, заедно со ексклузивното интервју за ова издание, како и специјален едиторијал и содржина, кои го отсликуваат животот и перспективите на неколку инспиративни жени кои оставиле свој белег во бизнисот и културата, а кои се постари од 50 години. Во изданието се појавуваат Хелен Мирен, Изабел Аџани и светски познатата мејк ап артистка Вал Гарланд.
Специјалното издание го вклучува и првиот глобален QR код за читателите со кој се добива пристап до ексклузивни содржини зад сцената преку Facebook Messenger.