L’Oreal UK, во својата најнова кампања за производи за коса, за првпат вклучи модел што носи хиџаб.
Таа се појавува во кампањата заедно со моделите Нелам Џил, Шерил Тведи, Даги Појнт и други жени од цела Велика Британија, а во рекламата вели: “Без разлика дали вашата коса се гледа или не, тоа не влијае за тоа колку се грижите за неа.”
Моделот, која се вика Амена, се надева дека со појавувањето во оваа кампања ќе ги поттикне сите жени на кои им било речено дека нивните соништа се невозможни.
Во нејзиниот пост на Твитер таа напиша: “Без оглед на тоа во кое поле работите, позитивна промена за жените е возможна. Сите сме дел од оваа приказна. “
Рекламата можете да погледнете подолу: