Лотарија на Македонија објави oбразложение кон финансискиот резултат од неревидираниот биланс на успех за првото тромесечје од 2016 година во кое постигнаа одлични резултати со зголемени оперативни приходи од 21% во споредба со истиот период лани.
Финансискиот резултат, односно добивката по одданочување за периодот 01.01.2016-31.03.2016 изнесува 2.149.000,00 денари, додека за истиот период од претходната година ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА АД Скопје покажа загуба која изнесуваше 1.859.000,00 денари. Ваквиот финансиски резултат од извештајниот период за тековната година, споредено со извештајниот период од минатата година е резултат на следните показатели:
- Оперативните приходи се зголемени и бележат раст од 21%, во кои доминантно учество имаат приходите од закуп, што воедно претставува и основна дејност на Друштвото издавање на деловни простории под закуп.
- Вкупните оперативни расходи се намалени за 26%, како резултат на залагањето на друштвото во овој период од 2016 година во намалувањето на оперативните расходи како што се: набавната вредност на трговските стоки (10%), услугите од производните и непроизводните организации (10%), останатите трошоци од работењето (47%), трошоците за вработените (13%), амортизацијата (28%).