Француската луксузна модна куќа Louis Vuitton одбележува 200 години од раѓањето на својот основач, господинот Луис Витон.
За да се одбележи еден вака голем и значаен јубилеј, потребно беше нешто навистина величествено, креативно, луксузно. Тука на сцената стапува данскиот производител на играчки LEGO.
Имено, компанијата била ангажирана од модната куќа за да создаде роденденска „торта“. Резултатот е креација од 31,700 лего-коцки со кои е изведен ликот на Луис Витон, првото лого на брендот, шаховска средина и еден куп мали, но важни детали.
Тортата била направена со помош на група деца и според LEGO таа ја слави „креативноста, имагинацијата и шарениот свет на младите умови“.
Лего-тортата ќе се чува во специјален куфер од Louis Vuitton, кој доаѓа со сопствени фиоки за складирање на лего-коцките од кои „тортата“ може да се расклопува и повторно склопува.
Погледнете ја интригантната креација во видеото во продолжение: