Креативниот директор на луксузниот моден бренд Louis Vuitton објави дел од постерите со кои ќе биде промовирана новата „Pre-Fall 2020“ колекција. Се работи за впечатливи реклами кои изгледаат како постери од ретро хорор и трилер филмови.
Модели во кампањата се 23 меѓународно познати актерски имиња кои ги вклучуваат и Џејден Смит, Ема Робертс, Леа Сејдо, Алисија Викандер, Лаура Хариер, како и ѕвездата на „Игра на тронови“, Софи Тарнер.
Актерите се јавуваат во улога на главни протагонисти во измислените филмски наслови, при што носат модни комбинации кои соодветствуваат на тематиката и дизајнот на „филмскиот“ постер.
Кампањата беше реализирана со помош на познатиот американски фотограф Колиер Шор, позната по своите портерти на адолесценти и комбинациите на фотографски реализам со елементи на фикција и младешка фантазија.
Погледенте дел од постерите: