(26.08.2020) – Луксузниот автомобилски бренд Rolls-Royce го ребредираше својот визуелен идентитет со цел да стане попривлечен за помладата публика од дигиталната епоха. Новиот бренд идентитет беше реализиран со помош на светски водечката дизајнерска компанија Pentagram.
Најзначајна промена во новиот идентитет на брендот е главното лого, напуштајќи го класичниот “RR” дизајн и прифаќајќи стилизирана варијанта на иконичната крилата женска фигурина која стои на предницата на автомобилите на Ролс-Ројс, именувана „Духот на екстазата“ и дизајнирана уште во далечната 1911 година од страна на скулпторот Чарлс Робинсот Сајкс.
Ваквата драстична промена е со цел разликување на автомобилскиот Ролс-Ројс од сестринската инжинерска компанија која произведува авионски мотори, која ќе го задржи “RR” логото.
Сепак, од Rolls-Royce и Pentagram известуваат дека поради големата историска важност на монограмот “RR”, тој ќе продолжи да се користи за одредени специјални цели на брендот.
Ребрендирањето вклучува и целосна промена на боите на брендот, па така класичната црно-бела комбинација е напуштена за нова виолетово-бела комбинација. Виолетовата боја е историски поврзана со луксузот, а сепак е помека во однос на црната и претставува совршен избор за Ролс-Ројс.
Променет е и фонтот кој ќе го употребува брендот, па така наместо Gill Sans Alt, Ролс-Ројс отсега натаму ќе го користи Riviera Nights како поелегантна опција.