Tigo.mk повторно на врвот како најпрепознатливо и најпрепорачано финансиско друштво на пазарот
Во декември 2021, Маркетинг365 го спроведе второто по ред квартално истражување за јавното мислење и перцепциите на небанкарските финансиски друштва.
Исто такво истражување беше направено и во септември минатата година, за третиот квартал во 2021 година, a резултатите можете да ги видите овде.
Во анкетата која беше објавена на нашиот веб портал за последните 3 месеци од минатата година учествуваа 1095 испитаници, од различна демографска структура, пол, возраст, националност, степен на образование итн.
Според демографската анализа, и овој пат најголемиот дел од испитаниците се на возраст од 31 до 40 години или 32,9%, а од вкупниот број на испитаници дури 82,9 отсто се од женски пол. Најголемиот број од испитаниците кои учествувале во истражувањето се Македонци (85,8%), додека 50,5% имаат факултетска, магистерска или докторска диплома. 83,9 отсто од испитаниците кои учествувале во истражувањето живеат во урбани средини и тоа најголем број во Скопскиот регион (40%), следени од пелагонискиот регион со 17%. 41,5% од испитаниците се вработени во приватниот сектор и најголемиот број од испитаниците – 41% се со месечни приходи помеѓу 12,000 и 24,000 денари.
Преферирани методи за пристап до финансии на граѓаните
Во случај да имаат потреба од финансиски средства, најголем дел од испитаниците (28,2%) се изјасниле дека би позајмиле пари од пријатели, додека 25,6% би земале кредитна картичка или би искористиле дозволен минус, а 23,5% би земале кредит од банка, што претставува намалување од близу 5% споредено со резултатите од претходното истражување. Опцијата краткорочен, брз кредит од небанкарските финансиски друштва (НФД) била избор на 17,4 отсто од нив, и бележи скромен пораст споредено со претходните резултати. Секако, постојаниот постепен пораст на лицата на кои им се потребни услугите од небанкарските финансиски друштва говори за потребата од услугите од овие финансиски институции и нивната улога во зајакнување на куповната моќ на граѓаните, имајќи предвид дека тие нудат голема брзина и флексибилност во пристапот до финансии за граѓаните.
Граѓаните се запознаени со индиустријата и услугите на небанкарските финансиски друштва
На прашањето „Дали знаете што е краткорочен брз кредит?“, високи 78% од испитаниците се изјасниле дека знаат што претставува инструментот „краткорочен брз кредит“ и најголемиот дел од нив (71%) одговориле дека се запознаени со компании кои работат во дејноста, односно кои нудат краткорочни брзи кредити. Ова повторно го потврдува исказот од минатото истражување дека, услугите од финансиските друштва како комплементарен извор на финансиски средства се неопходни за граѓаните и претставува сериозен индикатор дека свесноста за НБФ друштвата се зголемува.
Tigo.mk – најпрепознатлив бренд од НБФ индустријата во нашата земја
Во маркетинг истражувањата, еден од главните параметри кои укажува на висока свесност за познавањето на одреден бренд, односно, е најпрепознатлив меѓу населението е категоријата “top of mind”, односно прашањето „кој бренд прв ви доаѓа на ум“. Овој податок се однесува на севкупната препознатливост за брендот, почнувајќи од нивната комуникација кон јавноста преку маркетинг и/или ПР алатки, нивниот бренд, лого, бои, застапеност, достапност итн. Па така, на прашањата „Која е првата компанија која нуди краткорочни брзи кредити која Ви доаѓа на ум?“ и „Кои 3 компании кои нудат краткорочни брзи кредити од наведените први ги препознавате?“ од нашето истражување, со позначајни разлики се издвојува жолто-виолетовиот бренд Tigo.mk.
Имено, 31,48% од испитаниците кои се запознаени со компании кои нудат краткорочни брзи кредити го посочиле Tigo.mk како првата компанија која им доаѓа на ум. Како второрангирана компанија се наоѓа Iute Credit со 19,87%, по што следуваат и M Cash со 16,З проценти и Creddissimo со 10,97%. Останатите финансиски друштва се со значително помал процент.
Исто така, на визуелно прикажаното прашање со наведените логоа на компаниите „Кои 3 компании кои нудат краткорочни брзи кредити од наведените први ги препознавате?“, најголем број од испитаниците на прашањето одговориле дека Tigo.mk (83,7%) е брендот кој први го препознаваат, по кој следат Iute Credit со 74% и M-Cash со 73,4%.
Искуства на корисниците на НБФИ услуги
Од вкупниот број испитаници кои подигнале брз кредит од небанкарска финансиска институција во последните 12 месеци, 48,8 отсто се изјасниле дека се одлучиле за овој тип финансиски услуги заради едноставноста, односно заради можноста да се аплицира само со лична карта или пасош, додека вкупно 44% отсто се изјасниле дека се одлучиле за овој тип финансиски услуги заради можноста да се аплицира онлајн.
Високи 46,4% проценти од испитаниците се изјасниле дека подигнале кредит поради брзината за одобрување на кредитот, што во комбинација со високите 44% проценти од оние коишто ја навеле причината за аплицирањето онлајн, претставува голем индикатор дека технолошките предиспозиции и брзината се клучен фактор кај граѓаните коишто подигнуваат кредити.
16,7% како причина за апликација навеле дека поволност за нив претставува и фактот што НБФ друштвата им нудат прв кредит кој што е бесплатен.
Искуства на корисниците на небанкарски финансиски услуги од НБФИ
И овој пат, во последниот дел од истражувањето се фокусиравме да дознаеме какво било искуството на испитаниците со домашните компании во моментот кога решиле да земат краткорочен брз кредит. Во продолжение се резултатите за искуствата со топ 3 компаниите односно НБФИ, од кои испитаниците зеле кредити по редослед – Tigo Finance, IuteCredit и M-Cash.
Tigo.mk
Најголемиот број од испитаниците земале кредит од Тиго во изминатите 12 месеци.
Резултатите од истражувањето на испитаниците кои во последните 12 месеци земале кредит од Тиго, упатуваат на исклучително високо ниво на задоволство од користењето на услугите на компанијата – високи 86%, при што на скала од 1 до 5 (каде 5 се однесува на целосно позитивно искуство), 61,5% имале целосно позитивно искуство.
Според оценките, испитаниците биле најзадоволни во интеракцијата со Тиго заради следните сегменти: можноста да се аплицира само со лична карта, интеракцијата и односот на вработените, како и опцијата да се отплаќа кредитот на повеќе месеци.
Над 61% од испитаниците кои земале кредит во Тиго, би ги препорачале услугите на компанијата на своите роднини или пријатели.
Големо мнозинство или 73% одговориле дека се запознаени со фактот дека компанијата нуди прв бесплатен кредит.
Најголем дел од испитаниците одговориле дека со услугите на компанијата Тigo се запознале на Интернет (75,6%), додека 14 отсто преку ТВ реклами.
IuteCredit
Искуството на испитаниците кои во последните 12 месеци земале кредит од IuteCredit покажува дека повеќе од половина од нив (55,7%) имале целосно позитивно искуство со користењето на услугите на компанијата, а 30% имаат генерално позитивно мислење за компанијата. Од испитаниците, 54,5 отсто со голема веројатност би ги препорачале услугите на компанијата на свои роднини и пријатели.
За IuteCredit, испитаниците најдобри оценки дале за можноста за отплата на повеќе рати, понатаму обемот на потребната документација и можноста за продолжување на рокот на отплата и љубезноста на вработените.
За услугите на IuteCredit испитаниците во големо мнозинство дознале преку Интернет (70%), додека 14,3% дознале од ТВ канали, а 11,4% од пријатели.
M-Cash
Кога станува збор за искуството со M-Cash, 58,5 % отсто од испитаниците рекле дека имале целосно позитивно искуство, а 14,6 отсто дека имаат општо позитивно искуство со компанијата. Повеќе од половина односно 58,5 отсто од испитаниците би ги препорачале услугите на M-Cash на своите роднини или пријатели.
Според оценките од испитаниците кои учествуваа во анкетата, најзадоволни во интеракцијата со M-Cash биле во следниве сегменти: понуда на услуги и брзината на исплатата на парите во кеш.
И за оваа компанија мнозинството испитаници одговориле дека со услугите кои се нудат во голема мера се информирале преку Интернет (63,4%).