Никој не може да му одолее на светло-портокаловиот Ford Edge!
Новиот Ford Edge е толку волшебен, што ќе го претвори злиот убиец во ангел чувар, иако убиецот со срцето од злато може да го присвои вашето возило за ваша заштита.
Ова е дел од приказната на осум минутниот краткометражен филм за автомобили креиран од агенцијата GTB, каде актерот Mads Mikkelsen се наоѓа во улога на платен убиец, а филмот е во режија на Jake Scott.
Филмот започнува со двојка која го менува својот идентитет затоа што партнерите се заштитени сведоци во голем случај на трговија со оружје. Mikkelsen е најмен да ги следи.
“Дури и најубавите патишта водат до многу опасни места.
Секој ден правиме избори кои го обликуваат нашиот живот, а некогаш и животите на другите..”
Микелсен, играјќи ја улогата на ‘’Фантомот ‘’ (“Ле Fantôme”)- платениот убиец тргнува во својата мисија но е толку импресиониран од автомобилот што ја одбива наградата од нарачателите , па дури и го штити парот по кој е испратен. Се откажува од мисијата па дури се ослободува и од вториот убиец испратен да ја заврши неговата работа. Тоа го прави во замена за Edge автомобилот кој едно утро го одзема од парот и го заменува за мотор и 2 авионски карти за Перу.
Со други зборови, во филмот се протега линијата помеѓу мрачниот стил и апсурдот, иако колку е тоа намерно, во прво време, не е и целосно јасно. Влоговите се високи, тие се помеѓу животот или смртта. Главниот јунак има чудна мотивација, се вљубува во автомобилот па дури и застанува на момент да го истражува и почувствува неговиот мирис.
‘‘Не е лесно да се откажеш од нештата кои ги сакаш, иако нештата кои ги сакаш лесно може да те издадат.”
Филмот завршува со главниот актер кој ужива во својата награда за откажувањето од задачата возејќи со својот нов Ford во далечините…
Рекламата на нов начин го презентира брендот во друго поинакво светло. Ова не е луксузен авотмобил па затоа и критичарите не знаат дали публиката ќе му аплаудира на брендот или пак тој единствено сака да ја насмее и анимија публиката.
Сепак би рекле дека филмот ја прославува моралноста и чесноста која главниот актер ја покажува во филмот. Неочекувањето кое е предизвикано од одличната глума на Mikkelsen е она што ја мотивира публиката во исчекување да го следи филмот со внимание.
Критичарите сметаат дека единствениот ‘’криминал’’ во спотот е избраната боја на автомобилот која не се вклопува со приказната.
Без разлика на бојата веруваме дека спотот но и автомобилот ќе ви се допаднат!