Иако пред една година се легализирани истополовите бракови во Австралија, еден австралиски магазин специјализиран за ванчавки, стави клуч на врата затоа што, не сакале да објавуваат статии за овие парови, па остана без приходи од реклами.
Основачите на магазинот “White“, Лук и Карл Барел, објаснија дека ги избегнувале истополовите бракови во нивното списание, бидејќи “не сакале да предизвикаат општествена, политичка или правна војна”.
Во нивниот проштален “блог пост” објавен во саботата, тие објавија дека заради своите ставови биле нападнати од активисти и биле принудени да “изберат страна”, а останале и без неколку огласувачи, па списанието “повеќе не е економски одржливо”.