(21.08.2020) – Магазинот „Fortune“ ја објави годинешната листа „500 Global“, на којашто се најдоа најуспешните компании во светот.
Во текот на минатата година, овие компании оствариле приходи од 33,3 илјади милијарди долари и профит од над две илјади милијарди долари. Во овие 500 компании се вработени околу 70 милиони луѓе.
На прво место е американската корпорација Walmart, додека кинеската државна нафтена групација „Sinopec“ е втора. Првата петорка ја заокружуваат: „State Grid“, „China National Petroleum“ и „Royal Dutch Shell“.
Меѓу 10-те најуспешни, според Fortune, се и: „Saudi Aramco“, „Volkswagen“, „BP“, „Amazon“ и „Toyota Motors“.
Компанијата „Walmart“ веќе 26 години е дел од оваа листа, а овојпат е прва благодарение на тоа што оствари приходи од 523.964.000.000 долари, а профитот се позиционираше на 14.881.000.000 долари или 123,1% повеќе во однос на претходната година.
Во првите 50 места има 12 кинески корпорации, меѓу нив четири банки.