Шестото издание на сегментот „Највлијателни луѓе“ на магазинот Конгрес ја издвои Весна Влашиќ Јусуповиќ, директор на агенцијата McCann Сараево, меѓу највлијателните луѓе во 2020 година. Ова издание ги истакнува оние поединци кои најмногу влијаеле на events&meetings индустријата во Нова Европа во текот на годината.
Весна се истакна меѓу 185 претставници на индустријата во Централна и Југоисточна Европа, за кои гласаа повеќе од 2.600 читатели на ова регионално списание. Кандидатите беа поделени во 7 категории, а Весна се истакна во категоријата најдобри креативни и БТЛ агенции. Клучните критериуми за оценување беа: постигнување на најдобри финансиски (и други) ефекти и резултати, примена на иновативни решенија, работење на подобрување на угледот и профилот на events&meetings индустријата во 2020 година.
„Големо задоволство е да се биде на листата на топ креативни event и live маркетинг агенции на Нова Европа, особено ако се земе предвид дека самите номинации доаѓаат од експерти од MICE индустријата, чии гласови ја доаведоа McCann Сараево и мене лично до статусот на топ инфлуенсери во оваа категорија. Кога знаеме со какви предизвици се соочи индустријата за настани претходната година и колку напор е потребен за имплементација и на најмалите активации, тогаш ова признание на индустријата е уште поимпресивно и доаѓа во совршен момент. Креативноста и способноста за брза трансформација секогаш носат најдобри можни резултати и сигурни сме дека токму затоа сме признати како една од најквалитетните агенции. Во време на континуирана промена и прилагодување кон новите предизвици, немаме друг избор освен да учиме, да иновираме, да напредуваме во секој можен сегмент, да комуницираме и да ја поддржуваме целата индустрија, а оваа иницијатива на Конгрес магазинот е одличен пример и единствена платформа за поврзување на европските професионалци“, изјави Весна Влашиќ Јусуповиќ, директор на агенцијата McCann Сараево.