Францускиот бренд на луксузен накит Cartier ја објави својата Новогодишна реклама насловена „Магична ноќ“.
Спотот отпочнува со една група пријатели кои поминуваат покрај адресата „13 rue de la Paix“ во Париз, родното место на луксузниот бренд. Нив ги привлекува впечатливиот излог кој истовремено служи како порта кон еден волшебен свет, полн со радост, игра, музика и секако – луксузни модни додатоци.
„Модната куќа ве поканува во хипнотизирачка приказна за зимата, каде што мелодија повикува, празничниот ритам се засилува, а волшебната вечер започнува – како според магија“ – стои во описот на видеоспотот од Cartier.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Publicis Luxe.