Германскиот луксузен бренд на инструменти за пишување и модни аксесоари Montblanc го оживува волшебниот дух на зимата со својата најнова празнична кампања.
Во амбиентот на една топла алпска вила, кампањата го отелотворува волшебниот момент на рачно напишана порака од срце кога мастилото се соединува со хартијата и одеднаш, имагинацијата беспрекорно се спојува со реалниот свет.
Еден писател седи на биро, а неговото пенкало танцува по белите листови на отворен нотес. Со секој потег на пенкалото, неговата имагинација вдахнува живот во светот околу него, исполнувајќи ја просторијата со сцени на празнична радост и чудесија. Како што ги споделува своите приказни со пријателите, алпската куќичка се претвора во магичен свет проткаен со духот на Божиќните празници.
Оваа 2024 година, кога Montblanc ја слави 100-годишнината од иконичниот Meisterstück и неговото пишувачко наследство, брендот ја оживува магијата на зимата преку уметноста на пишувањето. Претставувајќи куриран избор на подароци подготвени со љубов, завиткани во бела украсна хартија за пишување, Montblanc ги поканува своите фанови да го трансформираат чинот на дарување во оригинален момент со внесувањето на длабоко личен допир и мисла кон саканите.
Кампањата е создадена во соработка со креативните агенции „100%“ од Амстердам, „Solomon Winter“ од Хамбург и „Icon Films“ од Букурешт.
Официјални застапници за производите на Montblanc во Македонија се „Божиновски часовници и накит“.