Брендот за спортска опрема Nike одбележува 34 години од лансирањето на линијата Air Max. Пред скоро време, пак, Nike се приклучи на виртуелниот свет на онлајн играта Roblox. Овие две работи се комбинираат во новата детска кампања на брендот, насловена „Magic is in the Air“ („Магијата е во воздухот“).
Централниот спот на кампањата прикажува три деца кои успеваат да постигнат фантастични работи со помош на сопствената имагинација и патиките Air Max, евентуално „летнувајќи“ во метаверзумот и сретнувајќи се меѓусебе во виртуелниот свет на Roblox.
Кампањата ја проткајува разиграната природа на младите, наследството на култниот бренд за спортска облека и иновацијата на метаверзумот за да создаде врска помеѓу младите луѓе и производот.
Кампањата се реализира со поддршка на креативната агенција AnalogFolk.