Британската телкомуникациска компанија Vodafone ја лансираше својата нова божиќна реклама во која ја акцентира примената и моќта на технологијата во одржувањето на човечките конекции за време на оваа празнична сезона.
Рекламата “The magic of connection” („Магијата на поврзувањето“) се фокусира на приказната на едно момче со скршена нога кое не може да ужива во зимските детски игри и се досадува дома, гледајќи низ прозорецот како неговата сестра и другарчињата си играат во снегот.
Духот на рекламата се менува кога сестрата на момчето му подарува сет за виртуелна реалност, поврзан со камера која таа ја носи додека си игра надвор, па така и момчето од удобноста на својот кревет може да ужива во санкањето и снежните борби.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Ogilvy UK и продукциската куќа Somesuch, додека пак за медискиот закуп е задолжена агенцијата Carat.