Пријавите за овогодинешното издание на BalCannes се затворени, а во продолжение дознајте кои професионалци од регионот оваа година ќе ги оценуваат пријавените кампањи од перспектива на клиентите!
Најдобрите резултати на пазарот се постигнуваат преку синергија на три перспективи – онаа на клиентите, на агенциите и на медиумите, а BalCannes е единственото натпреварување на кое од прва рака можете да дознаете како за вашите кампањи размислува секое од трите жири-комисии посебно. За изборот на најдобрите уште еднаш ќе се погрижат истакнати професионалци кои оваа години ќе се соберат онлајн. Жирито и оваа година е поделено во три групи, а ова се претставниците на жирито од клиентите.
За најдобрите кампањи во регионот од перспектива на клиентите ќе одлучуваат: Ана Миличевиќ Вукоје (Carlsberg, Србија), Барбара Рандиќ (Renault Nissan, Словенија), Далибор Цигиќ (Violeta, Босна и Херцеговина), Десанка Ландауер (McDonald’s DL, Србија), Ива Прегерник Јунгиќ (Iskon Internet, Хрватска), Јулија Жигиќ (Coca-Cola Company, Србија), Маја Наумовска (Halkbank AD Skopje, Македонија), Николина Зечиќ (Zagrebačka banka, Хрватска), Радмила Бојаниќ (Mtel, Босна и Херцеговина) и Урбан Крамбергер (Pivovarna Laško Union, Словенија).
Претставниците на жирито од медиумите можете да ги дознаете на овој линк, додека пак тука може да проверите кои професионалци ќе го сочинуваат жирито од агенциите.
Жирирањето на пријавените кампањи е веќе во тек, а плодот од нивната работа наскоро ќе можете да го проследите онлајн на ревијата за прогласување на победниците!