Погорниот наслов е заклучок од најновите анализи врв основа на најновото истражување на маркетинг агенцијата Market Vision направено за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со кое се прибраа податоци за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици што емитуваат програма на регионално и на локално ниво, во четвртиот квартал од 2015 година.
Анкетирањето беше извршено на вкупен примерок од 1.500 испитаници со употреба на CATI метода – телефонско интервју со помош на компјутер а беше користен полу – структурирани прашалник.
Разгледувано по часови од денот, досегот на радио станиците го следи трендот од претходните квартали со најголем досег во периодот од 9 часот до 14 часот.
Во четвртиот квартал од 2015 година, во просек дневно радио слушала 17,8% од популацијата, додека на неделно ниво радиото достигнува до 35,5% од популацијата на Македонија.
Радио станица со највисок неделен досег е Антена 5 – 15,0%, понатаму следуваат Канал 77 – 7,6% и Македонско радио – 5,6%. Помеѓу регионалните радио станици највисок неделен досег остварува Сити радио со 11,6% по што следуваат Бубамара (7,6%) и Зона М-1 (6,3%).