Во склоп на истражувањто кое истражувачката куќа “Рејтинг“ го правеше по нарачка на агенцијата “Маратон Bus Advertising” а за потребите за студијата за ефективноста на огласување на автобусите како медиум и перцепциите на потрошувачите за тој вид на огласување (целата можете да ја погледнете тука), помеѓу другото се испитуваше и ставот на граѓаните за тоа дали определен медиум е или не е пренатрупан со реклами.
Според студијата, овој податок е многу важен бидејќи според анализите на агенцијата TNS од Лондон било заклучено дека луѓето кои сметаат дека во одреден медиум има премногу реклами – најчесто и ги игнорираат самите реклами, односно креирааат несвесен механизам за нивно одбегнување. На тој начин значително се намалува и ефективноста на самиот медиум….односно ефикасноста на самата реклама.
Така, на прашањето дали во определен медиум има премногу реклами, доволно реклами или испитаникот нема став по тоа прашање, испитаниците одговориле вака:
Графиконот вели дека граѓаните (дури 70,2% од испитаниците) сметаат дека на ТВ има премногу реклами.
27,2% сметаат дека на ТВ има доволно реклами…а 2,0% немале став по ова прашање.
Ако сакаме да правиме компарација на медиумите и еве на пример да го земеме Радиото за кое само 16,9% од испитаниците сметале дека има премногу реклами (значи не се презаситени), додека пак мнозинството (48,5%) сметаат дека на Радио има доволно реклами во очи ни паѓа и големата бројката на испитаници кои одговориле дека незнаат дали има премногу или доволно реклами на Радио (34,6%) – што пак од друга страна “на маса“ го става и прашањето за опсегот/публиката кој овој медиум го има кај популацијата и нејзината можност/неможност да донесе став по ова прашање.
Овдека добро би било да ги имавме во предвид и резултатите колку време истиот испитаник поминува “конзумирајќи“ го тој определен медиум, за да може да биде порелевантен неговиот став за присуството на рекламите и компарацијата да биде на основа на исто “конзумиран“ период.
Било како, не навлегувајќи во reach-от на определените медиуми и нивна компарација, секако може да се извлече заклучокот дека генерално испитаниците т.е. Македонците се презаситени од рекламите на ТВ.