Над 200 експерти за односи со јавност од Америка, Канада, Европа и Блискиот Исток беа дел од второто издание на Global PR Summit New York, што се одржа минатиот четврток и петок во престижниот NYIT аудиториум во Њујорк.
Организиран од македонската агенција Пи Ворлд, настанот вклучуваше интерактивни презентации од некои од најмоќните експерти за односи со јавност и комуникации од KFC, Accenture, Google, the Hershey Company, Microsoft, Goldman Sachs и Heineken USA.
Инаку ова е единствениот настан во САД подржан и од IABC New York и PRSA New York, двете најголеми асоцијации за односи со јавност во Америка.
“Навистина сме горди на огромниот успех на нашата компанија во САД. Да се организира глобален настан во Њујорк е навистина голема работа и искрено се надевам дека нашиот успех ќе биде инспирација за македонските компании да го прошират својот бизнис на американскиот континент“, изјави Коста Петров, основач и извршен директор на Пи Ворлд.
Македонската Пи Ворлд е основана во 2010 година и е присутна во 35 земји во светот. Оваа година, компанијата ќе го организира и својот прв бизнис настан во Јужна Кореја.