Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum денес ги објави пријавените кампањи за натпреварувачкиот дел на своето овогодишно издание. Како дел од таа листа се најдоа и неколку дела на креативците од четири македонски агенции.
На Golden Drum 2023 беа пријавени две кампањи од агенцијата McCann Skopje, создадени за клиентот Халкбанк АД Скопје. Кампањата „Б-страна билборди“ беше пријавена во категориите: OUT OF HOME (OOH) – Billboards, EXCELLENCE IN MEDIA – Use of Low/Small Budget и ENGAGEMENT – Creative use of Media. Оваа кампања влезе како финалист и ќе се бори за награда во категориите OUT OF HOME (OOH) – Billboards и EXCELLENCE IN MEDIA – Use of Low/Small Budget. Повеќе за кампањата можете да прочитате на следниот ЛИНК.
Втората кампања на McCann Skopje и Халкбанк АД Скопје пријавена на Golden Drum 2023 беше „Фустани со џебови“ во категориите: ENGAGEMENT – Creative use of Media, CREATIVE USE OF MEDIA – Events, CONTENT – PR и CREATIVE EFFECTIVENESS – Profit. Повеќе за кампањата можете да прочитате во нашите претходни објави на следните линкови: ЛИНК 1, ЛИНК 2, ЛИНК 3.
Агенцијата Publicis Skopje ја пријави музичката кампања “Smooth ON” за клиентот Пивара Скопје и нивниот бренд Скопско Smooth. Оваа кампања беше пријавена во категориите: AUDIO – Other forms of audio communication, SPORTS, POP CULTURE & ART – Entertainment, CREATIVE USE OF MEDIA – Audio Platforms и EXCELLENCE IN MEDIA – Digital Media Engagement. Повеќе информации за активностите поврзани со кампањата Smooth ON можете да најдете во следните објави: ЛИНК 1, ЛИНК 2, ЛИНК 3.
Агенцијата Effectiva Skopje се пријави на Golden Drum 2023 со кампањата „Чувари на мудроста“ за клиентот Халкбанк АД Скопје. Кампањата беше пријавена во категоријата INDUSTRY CRAFT – Illustration. Повеќе информации за оваа кампања можете да прочитате на следните линкови: ЛИНК 1, ЛИНК 2, ЛИНК 3.
Во специјалниот натпревар за млади креативци Young Drummers се пријавија Ива Јованова и Мартин Миљев од агенцијата Saatchi & Saatchi Skopje. Тие одговорија на брифот на Словенечкото туристичко биро и ги создадоа постерите “Her name is Slovenia” и “It’s a match”. Првото креативно дело влезе во финалето и ќе се бори за награда.
Меѓународниот креативен фестивал Golden Drum 2023 ќе се одржи на 9 и 10 октомври во Порторож, Словенија. Главната наградна церемонија ќе се одржи вечерта на 10 октомври, кога ќе ги дознаеме и освојувачите на главните награди.