Сигурен сум дека многу од вас ја слушнале или прочитале информацијата дека македонскиот тутун претставува еден од најквалитетните во светот. Овој податок им бил познат и на голем број на луѓе од различни земји во светот, дури и пред повеќе од 100 години за што сведочат одредени статии во весници како што се The Columbus journal и St. Paul daily globe. Поради тоа, многу компании од тобако индустрија се решиле да го внесат македонскиот тутун во своите производи, а самото потекло на тутунот да го искористат како дел од маркетинг тактиките за привлeкување на потрошувачите.
Во оваа статија пренесуваме дел од рекламните постери и огласи на повеќе брендови од тутунската индустрија, поврзани со македонскиот тутун: