Голем дел од македонските водечки веб издавачи започнаа да го прифаќаат саморегулаторниот етички кодекс на добри професионални практики во дигиталното издаваштво со кој се пропишуваат правилата за фер, етички и добри професионални практики на медиумските издавачи во врска со креирањето и објавувањето на содржини, производи и услуги кои ги нудат преку своите дигитални медиуми.
Листата на издавачи и портали кои веќе го прифатија кодексот може да се види на официјалната датабаза на ИАБ на следниов ЛИНК. Листата започна да се проширува секојдневно, а сите оние кои сакаат самоволно да го прифатат Кодексот треба да потпишат Изјава за прифаќање која во скенирана верзија треба да се достави на следнава е-маил адреса: contact@iab.mk. Изјавата може да се симне од следниов ЛИНК.
Порталите кои ќе ја достават потпишаната Изјава и ќе бидат додадени во датабазата на ИАБ, имаат право на својот сајт да постават “беџ“ (0д ОВОЈ ЛИНК) , со што на посетителите и огласувачите ќе им стават до знаење дека медиумот се придружува кон утврдените етички и професионални стандарди пропишани од ИАБ Македонија.
Во иницијативата се поканети да се приклучат сите професионални веб издавачи кои се залагаат за поголема транспарентност и професионалност на интернет просторот во Македонија.