Обожавателите на „Angry Birds“, но и оние што на најомилената алатка во денешно време – тастатурата, сакаат малку акција, забава и дизајн – од денеска можат да имаат сопствена брендирана и интерактивна тастатура за сите iOS и Андроид уреди.
„Izzy ft. Angry Birds“, најновата апликација на брендот „Изи“ (Izzy) нa македонско-хрватскиот стартап „Аспида“, ја здогледа светлината на денот и е прва тастатура со развиено препознавање на движењата на прстите на тастатурата (т.н. gesture recognition). Со тоа, брзо и едноставно се исцртуваат емотикони и симболи, без да се излезе од главната тастатура во онаа со симболи, а движењата се осмислени да бидат интуитивни и лесни за паметење.
Izzy (http://getizzy.com/) за промоцијата на оваа тастатура, односно за нејзината дигитална стратегија и комуникација влезе во партнерство со агенцијата Bruketa&Žinić OM. Кампањата во потполност се одвива на социјалните медиуми Фејсбук, Инстаграм, YouTube и твитер а во фокусот се видео материјали со елементи од познатиот филм.
Со вообичаените функции, оваа тастатура на корисниците им дава целосно ново доживување на звуците и на анимациите! Така, музичката тема од филмот „Лутите птици (Angry birds)“ може да се засвири со преминување со прстите преку тастатурата, а со исцртување на одредени потези за десетте најчести емотикони се активираат анимираните ликови.
Во понудата се четири маски за тастатурата – бесплатен генерички, на кој со често исцртување на емотиконите и на симболите се освојуваат анимации со ликовите од анимираниот филм „Лутите птици“; другите обвивки се Чак, Ред и Бомб со своите анимации. Во првата недела, како подарок на корисниците на „Епл“ и „Гугл стор“, сите маски ќе бидат бесплатни.
Ова не е првата тастатура на компанијата „Аспида“, во којашто се собрани група ентузијасти програмери и дизајнери од Хрватска и Македонија. Таканаречените gesture recognition се развиени за сите симболи и 21 емоџи, а сега се збогатени и со анимации. „Изи“ минатата година веќе оствари успешна соработка со фудбалските клубови „Хајдук“, „Црвена звезда“, „Лудогорец“, потоа со Нина Бадриќ, „Ту-челос“, Оливер Драгојевиќ, Џибони и други многубројни изведувачи и спортски клубови од регионот чиишто тастатури се веќе на пазарот.