Една од најиритантните работи кога грицкате чипс или нешто слично на вашето биро или во кревет е резултатот на мрсни прсти. Кога сте заседени или залежени, патувањето до мијалникот се чини како премногу незгодно, па многу луѓе, доколку во близина немаат влажни марамчиња, се одлучуваат или да ги излижат своите прсти или да се избришат од својата облека.
Но, сега, брендот на чипс Lay’s има иновативно решение: минијатурна машина за перење прсти.
Уредот е висок 15, а широк 11 сантиметри, со жолт дизајн инспириран од ќеса чипс. Штом го ставите прстот во уредот, тој ќе биде испрскан со атомизиран алкохол. Течноста за чистење се чува во резервоар со надополнување на дното на машината.
Уредот е создаден од тајванската франшиза на брендот Lay’s, но засега биле произведени само пет примероци кои се продаваат по цена од 21,000 тајвански долари, односно речиси 700 американски долари – што е поскапо од повеќе видови на вистински машини за перење.