Алкохолниот бренд Malibu, кој во суштина претставува рум со вкус на кокос, лансираше нова летна кампања насловена “Welcome to Malibu” („Добредојдовте во Малибу“).
Кампањата на брендот во сопственост на корпорацијата за алкохолни пијалаци Pernod Ricard ги охрабрува луѓето да влезат во летниот „мајндсет“ и да го живеат животот во потполност.
Во режија на наградуваниот режисер Дејв Мејерс, централниот спот на кампањата прикажува млада жена во крајбрежен град која се вози на мотоцикл кој потоа магично се претвора во коњ. На својот пат низ шарениот град, таа се среќава со низа различни оптимистични ликови, додека во позадина оди песната „Call Me Maybe“ на Карли Реј Џепсон.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Wieden+Kennedy London.