На 29 мај со почеток во 10.30 часот во хотел Александар Палас ќе се одржи манифестацијата за прогласување на победниците од националниот натпревар „Иновативно претпријатие на годината“.
Националниот конкурс „Иновативно претпријатие на годината“ е признание кое се доделува на иновативни македонски претпријатија кои успешно лансирале иновација во своето работење. Конкурсот имаше за цел да промовира успешни бизнис модели и достигнувања базирани на иновации и нови технологии од македонски компании во сите индустриски сектори. Овој конкурс ги препозна и ќе ги награди со 200.000 денари трите најиновативни компании кои имаат развиено нови или значително подобрени производи, услуги и/или процеси во изминатите три години (2016, 2017 и 2018 година). Овие средства се наменети за унапредување на конкурентноста на иновацијата и интернационализација на бизнисот.
Се повикуваат сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат на манифестацијата да се регистрираат на следнава форма.
Повеќе информации и драфт агенда се достапни на следниот линк: http://bit.do/eSfmm
Националниот натпревар „Иновативно претпријатие на годината“ е дел од проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“, имплементиран од Фондацијата Претприемачки Сервис за Младиа финансиран од ЕУ.