Носителот на најголемите промени во адвертајзинготи комуникациите се медиумите. Дигитализацијата и data-driven комуникацијата донесе нови медиуми, а старите, традиционалните несомнено се модернизираа. Кои се тие промени, како влијаеле на веќе богатиот медиски екосистем и каде во сето тоа се наоѓа човекот – ќе биде тема на Модул Медиуми – Новиот свет на медиумите кој ќе се одржи во рамките на Direct Media Akademijа од 28 до 30 мај. Ако сте на патот да станете “нов човек” во новиот свет на медиумите, ова е вистинскоместо за вас, порачува Марија Матиќ, раководител на модулот Медиуми и Data&Communications Director во DIRECT MEDIA United Solutions.
- Direct Media Akademija стана препознатлива едукација во светот на маркетингот и адвертајзингот. Што е фокус на овогодишната едукативна конференција?
Во наредните пет години, рекламната индустрија ќе се промени повеќе одколку во претходните 50, се проценките од маркетинг експертите. Токму овие промените се во фокусот на овогодинешната Direct Media Akademijа. Сите промени кои ни ги донеле дигиталните платформи и кои постојано ги носат новите генерации се во прв план на Академијата. Истовремено, ќе ги набљудуваме сите аспекти на современиот маркетинг, па преку модулот Брендинг кој го води мојот колега Митја Тушкеј ќе зборуваме за современото брендирање. Повторно собравме силен тим на предавачи кои ќе зборуваат за содржината, StoryTeching, технологиите и иновативниот менаџмент. Во светот оваа година се одбележуваат 500 години од смртта на Леонардо да Винчи, па така и Direct Media Akademija 2019 е инспирирана од ликот и делото на овој визионер и неговите принципи на отвореност, универзалност и кохезија кои одбележаа една ера.
- Со што ќе се занимава Модул Медиуми – Новиот свет на медиумите во кој Вие сте модератор?
Меинстрим рекламирањето е на раскрсница. Маркетингот се менува, а медиумите се само дел од овие промени. Можеби денес сеуште е точно дека постојат традиционални и нови медиуми, но во рамките на модулот Медиуми ќе покажеме дека таквата граница повеќе не постои. Ќе покажеме во која насока одат сите медиуми, а тоа се првенствено data-driven комуникациите и иновативните технолошки решенија.
- Што би издвоиле како клучни промени во медиумите во последните десет години, а што допрва нè чека?
Сигурно дека дигиталната трансформацијат на медиумите ги обележа изминатите 10 години. Сега се разгледува можноста за понатамошно развивање на нови платформи и пред сè, да се обезбеди поефективно таргетирање преку заеднички платформи. Многу брзо нè очекуваат нови технолошки решенија кои првенствено ќе се фокусираат на новиот начин на конзумирање на видео содржини.
- За кого е наменет модулот Медиуми?
Game Changer е најчестиот израз кога се опишуваат сите промени кои нè очекуваат. Имено, модулот Медиуми е наменет за сите оние кои се гледаат себе си како game changer-и. За оние кои сакаат да ги запознаат и новите медиуми и оние традиционалните во ново руво. И за оние кои се пред се подготвени да се променат себе си.
- Кои квалитети и вештини треба да ги поседува еден маркетинг, адвертајзинг и комуникациски професионалец во новата ера на комуникација?
Квалитетите се секогаш исти, секоја доба бара посветеност, трагање по нови знаења и постојано усовршување. Оваа ера можеби повеќе од било кога ќе ги стави овие особини во прв план.
Обезбедете early bird пријава за Direct Media Academy преку сајтот www.directmediacademy.com до 1 мај!