Оваа година за прв пат порталот Marketing mreža, ќе додели награди за највлијателните маркетинг и комуникациски експерти од компаниите во Србија, во рамките на проектот Mark Awards. Номинациите се отворени до 20 јули на веб-страницата www.mark-awards.rs
Целта на Mark Awards признанијата е да ги охрабри и мотивира експертите за маркетинг и комуникација од компаниите во Србија, но и да укаже на нивните потенцијали, таленти, креативност и способност за постигнување врвни деловни резултати и препознатливост на брендот. Mark Awards се награди со кои Marketing mreža сака да промовира професионални примери, но и да придонесе за унапредување и развој на професијата во Србија.
За разлика од другите стручни награди на српскиот пазар, наградите Mark Awards ќе бидат доделени на поединци за личен деловен и професионален успех, односно на лица кои оставиле трага на пазарот на маркетинг комуникации во Србија во претходниот период.
„На пазрот во Србија постојат неколку стручни награди и сите тие ги наградуваат најуспешните проекти или тимови. Многу често не знаеме кој стои зад најуспешните брендови и кампањи, кои се луѓето кои нашите омилени брендови успешно ги градат секој ден. Mark Awards сака да ги истекне и награди најуспешните поединци од компаниите кои се будат и легнуваат со своите брендови и пожртвувано работат на нив. Сигурни сме дека овие награди значително ќе придонесат за квалитетот и развојот на пазарот, за подобро позиционирање на експертите за маркетинг и комуникации во компаниите, но и ќе бидат најпрестижното признание на пазарот со кое победниците ќе се гордеат“, рече Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и извршен директор на Marketing mreža.
На конкурсот за наградите Mark Awards можат да се пријават сите маркетинг и комуникациски експерти од компании во Србија, кои сметаат дека со својата работа и дела оставиле трага на пазарот на маркетинг комуникациите во Србија. Експертите од компанијата можат да аплицираат во една од 10-те категории, лично или да бидат номинирани од некој од нивните колеги и соработници.
За тоа кој ќе ги добие овогодишните Mark Awards, одлучува стручно жири составено од признати и истакнати професионалци од креативни, ПР, дигитални агенции и компании. Оваа година, жирито ќе биде составено од Александра Џурџевиќ, CEO, Delta Auto Group & Vice President, Delta Holding; Борислав Миљановиќ, CEO, Represent System; Данка Трбојевиќ, Managing Director, DRIVE Agency; Дејан Рандиќ, Founder & CEO, DNA Communications; Дејан Турк, CEO, A1 Srbija & A1 Slovenija; Ива Џурковиќ, Managing Director, OMD Media & LUNA TBWA Белград; Ивана Парчетиќ Митиќ, Founder & CEO, Marketing mreža; Јелена Брајовиќ Добријевиќ, Deputy Managing Director, SIVO; Јелена Ристиќ, Country Manager Serbia, Montenegro & BiH, Mastercard; Марјана Давидовиќ, Country Manager Adriatic South Hub, Nestle Adriatic; Михајло Јанковиќ, CEO, MK Group; Миливој Џорџиќ, General Manager Adria Region, SmartPoint Adria; Наташа Филиповиќ, Managing Director, Ovation BBDO; Ненад Мишчевиќ, CEO, Nectar Grupa и Никола Папак, New Business Director, Two Rivers.
Партнерски агенции на проектот Mark Awards се Ovation BBDO, SIVO и LUNA\TBWA Белград.
Номинациите се бесплатни, а повеќе информации за наградите, Правилникот и формуларот за номинација се достапни на сајтот www.mark-awards.rs