Медиската агенција Mindshare соопшти дека го назначиле Марк Хип за нов генерален извршен директор за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка.
Ова претставува враќање на Хип во Mindshare, каде порано во својата кариера ја извршувал функцијата на национален директор за стратегија за кинескиот пазар, а потоа директор за стратегија за австралискиот пазар.
Марк Хип потоа преминал во PHD каде го водел деловното работење на агенцијата на кинескиот пазар. Следна дестинација на Хип била агенцијата MediaCom, каде поминал осум години како генерален извршен директор за регионот на Азија-Пацифик. Сега, тој се враќа во Mindshare како генерален директор за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка.
Хип ќе биде задолжен за „водење на добар развој“ за Mindshare, која опслужува големи брендови како Unilever, Ford, TK Maxx, Deutsche Telecom, Lufthansa, Campari и Marks & Spencer.
Марк Хип доаѓа на местото на Хелен МекРае, која сега е назначена како генерален извршен директор на Mindshare за регионот Азија-Пацифик. Марк Хип ќе стапи на должност кон средината на февруари.