Од почетокот на овој месец Скопје Мериот Хотел го именуваше Британецот Марк Лејланд за нов генерален менаџер.
Марк Лејланд e вистински професионалец со богата кариера во Мериот која ја започнува уште во 2003-та година како менаџер за храна и пијалаци во хотелот во Абердин. Од тогаш тој бил на највисоки менаџерски функции во уште 4 хотели на Мериот во Велика Британија.
Неговото искуство и лидерските способности, како и забележителниот успех во работата, му овозможуваат да биде промовиран во генерален менаџер на Мериот хотелот во Јорк. Марк успева да го позиционира хотелот како рекордер во остварен приход за 2014 година. Потоа неговата кариера продолжува во Мериот хотелот во Портсмут каде продолжува со својата практика да руши рекорди во профит и продажба.
Пред да дојде на челното место во Скопје Мериот Хотел тој се стекнува со дипломата Honours in Hospitality Business Management од Универзитетот во Лидс за потоа 8 месеци да го збогатува искуството во елитните хотели низ Азија.