Популарниот поткастер Лекс Фридман синоќа го објави своето трето интервју со главниот сопственик и генерален извршен дирекор на Мета, Марк Зукерберг. Меѓутоа, она што го издвојува ова интервју од претходните е тоа што се работи за „првото интервју во метаверзумот“.
Имено, овој пат интервјуирачот и интервјуираниот не се наоѓаат во иста соба. Напротив, тие биле одвоени стотици километри еден од друг во физичкиот простор, а сепак во текот на интервјуто ги гледаме еден до друг. Всушност, тие разговараат помеѓу себе во виртуелната реалност преку хипер-реалистични дигитални аватари.
А, нивото на реалистичност ќе Ве изненади. Тоа не се пораните дигитални аватари на Мета кои изгледаа како излезени од цртан филм. Не, овој пат, тоа е “the real deal”. Дали е ова метаверзумот кој што сите го очекувавме, кога Мета започна првпат да зборува за него пред некоја година?
Повеќе за создавањето на хипер-реалистичните аватри и развојот на метаверзумот можете да слушнете токму во поткастот на Лекс Фридман и Марк Зукерберг, во продолжение: