Кампањата е во соработка со УСАИД и Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ
Изминатиов период на најнеочекуваните места во Скопје “изникнаа” информативни пораки низ најфреквентните кафе локали низ Скопје, кои верувајте не промашија ничие око. Пораките се со цел да се подигне свесноста за семејното насилство како најраспространета форма на родово засновано насилство. Оваа кампања е со цел да се охрабрат жртвите на семејното насилство, но и за пријавување на истото. Главното мото е: “Прикривањето на семејното насилство дава лажна надеж дека работите ќе станат подобри”.
Целосната кампања е замислена да биде во неколку фази, брендирање на огледалните површини во тоалетите на најфреквентните кафулиња во Скопје, брендирање на “крвотокот” на градот со поставување на 3D инсталации на автобуските станици во финална форма на фотографија на “ужаснати” ликови кои се дел од семејно насилство, “врамени” во златна рамка, со која е претставена бариерата која ја имале до сега како жртви на семејното насилство, поставување на информативни материјали во автобусите и креирање на видео содржина која ќе биде пласирана на најмоќниот канал – социјалните медиуми, со цел пораката да стигне до вистинското место.
„Ова е една од поголемите и посериозните кампањи на Перфект, имавме чест што Здружението за еманципација, солидарност и еднаквот на жените, ни го создадоа најголемот предизвик. Се надеваме дека ќе ја постигнеме целта и дека, преку истата ќе ги охрабриме оние кои едноставно немале избор да ја кажат својата најдлабока емотивна и психолошка болка. Не чека и последната фаза во реализација, а тоа е финализирањето на официјалната веб страна на кампањата- изјави Димитар Атанасов, креативниот директор на Перфект.