Македонската Маркетинг агенција “Република“ , со соопштение до медиумите денеска се извини за ненамерната грешка во креативата за кампањата за одбележување на Илинден, каде како втор Илинден е наведена годината “1945“ а треба да стои “1944“ што предизивика одзиви во јавноста која побара грешката да се поправи.
Во продолжение интегралното соопштение од Република:
Во врска со идејните решенија и печатењето на материјалите за обележување на 110 годишнината на националниот празник „2-ри Август – Илинден“, информираме дека при печатењето на истите е направена ненамерна техничка грешка при која потенцирањето на одржувањето на заседанието на АСНОМ, стои годината 1945 наместо 1944 како што е правилно.
Информираме дека при забележувањето на ненамерната грешка веднаш е даден налог за соодветно да се преработи и реобјави целокупниот промотивен материјал за празникот Илинден и тоа агенцијата ќе го направи на сопствен трошок.
Замолуваме јавноста да го уважи нашето извинување и жалење за овој ненамерен пропуст.