Најголемиот фудбалски бренд во Британија, Манчестер Јунајтед, ќе ги засили своите тимови за маркетинг и комуникации со ангажирањето на искусните Ели Норман и Мет Меки.
Како генерален директор за комуникации на фудбалскиот клуб е назначена Ели Норман, која претходно работеше како глобален директор за маркетинг и комуникации во Формула 1. Таа ќе ја преземе целосната одговорност за комуникацијата и ангажманот на клубот со навивачите, ќе ги води дигиталните комуникациски каналите на клубот, ќе управува со односите со медиумите и ќе го развива општиот бренд идентитет на клубот. Норман, исто така, ќе добие столче во извршниот одбор на Манчестер Јунајтед.
Нејзиниот колега Мет Меки, кој доаѓа од позицијата на глобален маркетинг директор на Меѓународниот олимписки комитет, во Манчестер Јунајтед ќе служи како директор за потрошувачки маркетинг. Пред работата за Меѓународниот олимписки комитет, Меки беше бренд директор за фудбал на Најк, а пред тоа – бренд директор на популарната фудбалска видео игра FIFA на Electronic Arts. Негов надреден ќе биде Фил Линч, извршен директор за дигитални производи и услуги.
Според Форбс, моменталната вредност на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед се проценува на околу 4.2 милијарди долари, што го прави четврт највреден фудбалски бренд во светот, односно прв највреден спортски бренд во Британија.