AdAge неодамна ја објави најновата анализа на глобалниот и американскиот пазар на огласување под наслов “Marketing Fact Pack 2019”.
Анализата покажа дека Group M (WPP), Magna (Interpublic) и Zenith (Publicis), на пазарот во САД, во просек, ќе ја зголемат потрошувачката за огласување оваа година за 2,5%, што е помалку отколку во 2018 година, кога овој процент изнесуваше 4,8%. На глобално ниво, оваа групација на агенции ќе ја зголеми потрошувачката во 2019 година за 4,1% во споредба со 5,3% во 2018 година.
Најголемиот огласувач во САД во 2017 година беше друштвото за осигурување Geico, чиј буџет за медиуми изнесувал околу 1,4 милијарди долари, а потоа следат Verizon со 943 милиони евра и Ford со потрошени 894 милиони долари.
AdAge ја објави и листата од 25 најголеми огласувачи во САД, вклучувајќи ги, меѓу другите, Comcast, Procter & Gamble, AT&T, Amazon, General Motors, итн … На глобално ниво, најголемите огласувачи се Samsung, P&G, L’Oreal, Unilever, Nestle, итн.
Најголемиот огласувач во автомобилската индустрија во САД е General Motors, од трговците на мало Amazon, ресторан McDonalds, лична хигиена Loreal, производи за домаќинство Tide (P & G), осигурување Geico, кредитни картички American Express, безалкохолни пијалаци Coca-Cola и пиво Anheuser-Busch InBev.