Во четвртокот во кафе-бар “Змија“ во Скопје, маркетинг и ПР агенцијата “Ханибиз“ го прослави својот втор роденден.
На роденденската “Black&Yellow” забава присуствуваа голем број на гости од јавниот живот и многу пријатели и соработници на агенцијата, а за одличната забава се погрижи и диџеј Панчо.
Љупка Наумовска, директорката на “Ханибиз“ на прашањето што ја одбележа втората година од постоењето на агенцијата изјави: Втората година од постоењето на “Ханибиз“ помина пред се во знакот на развојот на нови комуникациски модели со фокус кон општествената одговорност, потоа развојот на стратегии за интерен маркетинг, што мене ми е особен предизвик, поддршката и вклученост во проекти за женското претпиемништво, но не од феминистички туку од економски аспект, запознавањето на многу добри луѓе и секако учењето на неколку нови лекции :)