Водечката светска компанија за организирање на настани “The P World“ и официјално го најави третото издание на најголемиот регионален маркетинг собир “Marketing Kingdom“ во Загреб, Хрватска кој ќе се оддржи од 27 до 28 Март 2014 год.
После успешното организирање на двата претходни настани во Хрватската престолнина “The P World“ продолжуваат со своите активности на доближување на светски признаените професионалци во маркетингот до колегите од регионов.
И овојпат не изостануваат звучни имиња меѓу гостите на “P“, па така, како учесници на овој собир засега се потврдени водечките луѓе од маркетинг секторите на компании како Coca-Cola, Sportify, Oracle, Nockia, Mashable и уште неколку други.
Цел на оваа конференција е да преку интереактивни презентации и дијалог се споделат и дискутираат најактуелните стратешки трендови во индустријата и разменат мислења за нивно практицирања на локално и глобално ниво.
Како носечки теми на настанот се најавуваат : “Силата на маркетинг партнерствата и тајните позади нив”, “Како социјалните медиуми го менуваат животот на маркетерите“, “Интегрирање на социјалните медиуми во сите аспекти на бизнисот“ , “Развој на план за бренд развој со мал буџет“ итн..
Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за овој настан, можете да ја посетите веб страната на организаторот или пак да го контактирате првиот човек на “The P World“ Коста Петров на 02 5111 350 или kosta.petrov@thepworld.com