15-годишниот Марко Пејчиновски, кој во 2018 година го преплива Охридското Езеро во вонредни здравствени услови и стана заслужен граѓанин на Охрид, е еден од хероите во новиот видеосеријал на Халкбанк. По повод 10-годишнината од своето постоење на македонскиот пазар, Банката избра 10 херои што со својата амбиција и храброст ја прават иднината посветла за сите.
Погледнете го првото видео во кое храбриот Марко, охридската и македонска гордост, зборува за своите надежи и соништа за посветла иднина во следните 10 години. Да го поддржиме Марко во своите планови, светли како охридското изгрејсонце!
Видеосеријалот „Иднината е светла“ е дел од 10-годишнината од постоењето на Халкбанк на македонскиот пазар. Како и досега, Халкбанк продолжува со инвестирање во луѓето, нивниот потенцијал и во нивната светла иднина.