Со цел поврзување на маркетинг индустријата и иновативни претприемачи и зајакнување на стартап сцената во регионот, DIRECT MEDIA United Solutions започна регионалнато натпреварување за стартапи во областа на маркетингот и комуникациите.
MarTech Challenge е регионално натпреварување отворено за сите технолошки стартапи основани во последните две години, а кои се занимаваат со примена на нови технологии во маркетинг и комуникациите во областите како што се огласување, податоци, вештачка интелигенција, машинско учење, медиуми, социјални мрежи, итн.
Проектот е започнат заедно со партнерите ICT HUB, Netokracija и Marketing mreža.
Пријавите се отворени до 5 септември на сајтот www.martechchallenge.com
“Ги повикувам стартапите кои веќе имаат подготвени решенија да се пријават и истовремено ги охрабрувам сите оние кои размислуваат во насока на маркетинг технологијата, до септември да ги изготват своите решенија и да ги пријават за натпреварување. Ова ќе биде можност да се запознаеме подобро едни со други и да се видиме што можеме за да си помогнеме “, вели Ненад Илиќ, Innovation Lead во DIRECT MEDIA United Solutions.
Стартапите кои ќе влезат во потесен избор на Martech натпреварувањето, во текот на септември и октомври ќе поминат преку програма за менторство од страна на претставници на ICT HUB и DIRECT MEDIA United Solutions, со што ќе добијат можност да го подобрат својот бизнис, да ја проширират мрежата на контакти во маркетинг индустријата, со цел на најдобар можен начин да се подготват за финалето на натпреварувањето кое е планирано за октомври. .
Победничкиот тим освојува наградно патување на една од најатрактивните конференции во областа на маркетинг технологијата во Соединетите Американски Држави, програма за менторство од страна на DIRECT MEDIA United Solutions, но она што е можеби најважно, ќе биде промовиран преку мрежата на DIRECT MEDIA United Solutions и мрежата на партнерите како регионален Martech стартап “Ѕвезда во подем“за 2019 година.
Финалната презентација на финалистите на MarTech Challenge ќе биде организирана кон крајот од октомври на петтиот национален фестивал на интегрирани комуникации KAKTUS 2019, а во деновите на фестивалот за сите стартапи кои се пријавиле за Martech натпреварот за KAKTUS 2019, ќе бидат обезбедени менторски сесии од различни области на бизнисот, медиумите и маркетинг комуникациите .
Проектот MarTech Challenge е започнат на почетокот на 2019 година со цел на едно место да ги собере луѓето од маркетингот и иновативните претприемачи во областа на технологијата. Преку месечни средби и презентирање на најдобрите практики, како и во Србија, така и во светот, DIRECT MEDIA United Solutions сака позитивно да влијае врз развојот на целата MarTech заедница во регионот.
“Големите компании се оние кои мора активно да ја промовираат индустријата, додека истовремено сме сведоци на поединци кои со своите генијални идеи го поместуваат целиот пазар и до тогаш единствено познатите начини на работење. Веруваме во синергија на овие два сектори со цел да се создаде Martech заедницата, која така обединета може да направи сериозни промени”, изјави Ненад Илиќ.
Сите стартапи кои се заинтересирани зо натпреварување или соработка, дополнителни информации може да добијат на меилот: challenge@directmedia.rs
Пријавете се!