Американскиот бренд на вода со екстремно име и бренд-идентитет, Liquid Death („Течна смрт“), ја ангажираше познатата телевизиска презентерка Марта Стјуарт за својата нова кампања во пресрет на „Ноќта на вештерките“.
Имено, брендот во соработка со Стјуарт се одлучи да лансира лимитирана серија на празнични свеќи кои имаат форма на отсечена рака која држи лименка Liquid Death. Видеоспотот за промоција на празничните свеќи, пак, претставува комбинација на комедија и хорор.
Рекламата отпочнува со мирна сцена во која Марта Стјуарт го прави она по што е позната – смирено објаснување на вршење некаква домаќинска активност. Во случајот, таа активност е производството на празничните свеќи – што набрзо преминува во сцена од хорор филм (и тоа на оние Б-класа хорор/комедија филмови од 1980-те).
Според спотот, свеќите се создадена од „вистински“ отсечени раце, кои Марта Стјуарт сосем смирено им ги отсекува со голем нож на несвесните гости кои мислат дека ќе се запознаат со слаткоречивата позната личност.
Веруваме дека рекламата ќе предизвика мешани реакции кај публиката – нешто што сосема се совпаѓа со досегашниот комуникациски пристап на брендот Liquid Death.