Брендот за брза храна KFC влезе во светот на хорор филмовите со својот краток филм насловен “La Masacre” („Масакр“), лансиран на шпанскиот пазар како дел од промотивната кампања за новиот производ Pollizza.
Pollizza претставува необичен вид на пица кај кој тестото е заменето со традиционалното поховано пилешко препознатливо за KFC.
Филмот наменет за промоција на производот е долг 14 минути и влече инспирација од Б-класа хорор филмовите продуцирани од Холивуд во текот на минатиот век.
Краткиот хорор филм ја раскажува приказната за група од пет пријатели кои престојуваат во колиба во шумата за да уживаат во викенд опкружени со природа. Откако ќе се сместат, пријателите одлучуваат да нарачаат вечера од некоја мистериозна пицерија, но никој од нив не можеше да го замисли „монструозниот“ исход со кој ќе се соочат.
На пакувањата пица кои се појавуваат во филмот се испишани и телефонски броеви, преку кои љубопитните потрошувачи можат да добијат специјални понуди и промоции од KFC.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција PS21, а филмот е режиран од страна на NYSU од студиото Zeitgeist.